Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ја презентираа публикацијата за јавни политики – Транспарентно известување на јавноста за пристапните преговори на Република Северна Македонија кон Европската Унија.

На денешниот настан пред присутните, свои воведни обраќања имаа Елена Миленкоска Михаиловска претседател на Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) и Драган Секуловски извршен директор на ЗНМ.

,,Целта на овој документ но и на самиот проект е да придонесе подобра и унапредена општествена средина за новинарите и медиумските работници но и сите граѓани на земјава. Преку заедничките активности во проектот обезбедуваме поддршка за граѓанскиот сектор, унапредување на интегритетот на новинарите како и унапредување на медиумската писменост. Оваа публикација е доста значаен документ за новинарите но и пред се за пошироката јавност бидејќи одблизу го третира пристапниот процес на земјава кон ЕУ како и подготвеноста на Македонија за преговорите за членство во ЕУ”, – истакна Миленкоска Михаиловска.

Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски посочи дека: „изминативе години ЗНМ вложува сериозни напори во придонесување на етичкото известување како и за поквалитетна медиумска содржина преку вклученост на новинари во активности за градење на нивните капацитети. ЗНМ организира голем број на обуки, студиски посети во странство, прирачници но и вакви документи за политики кои се за важни политичките процеси и придонесуваат во насока на тоа како професионално да се известува за одредени прашања“.

Автор на оваа публикација е новинарот Горан Петрески кој во својата презентација истакна: ,,Имајќи ги во предвид значењето и влијанието на медиумите во креирањето на јавното мислење, овој документ нуди соодветни препораки за подобрување на начинот за медиумско известување на теми поврзани со евроинтеграциите. Исто така документот идентификува примери на добра и лоша пракса во земјите од регионот во процесот на пристапување кон ЕУ и начинот на известување на медиумите во таа насока а дава и препораки за подобрување на состојбата во нашата земја.

Публикацијата е достапна на следниот линк

Оваа публикација е изработена во рамките на проектот ,,Тренинг – Академија на новинари и медиумски работници, Т-AJM” финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во партнерство со Иницијативата за европска перспектива (ИЕП) и Европската федерација на новинари (ЕФН).  

You are currently viewing Документ за политики – јавно известување за преговорите на Северна Македонија кон ЕУ