Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) е граѓанска организација насочена кон развој на демократијата во општеството, заштита на човековите слободи и права, борба против сите форми на дискриминација, нечовечко и понижувачко однесување, како и поттикнување на граѓаните да станат поактивни учесници во развојот на демократијата на локално и национално ниво.

Во своето долгогодишно искуство ИЕП има спроведено голем број на проекти за развој и едукација на граѓаните со посебен акцент на младите и жените, унапредување и заштитата на правата на различни целни групи, подобрување на меѓуетничка толеранција и мултикултура, потоа проекти поврзани со градење на отпорност против процесите на радикализација, насилниот екстремизам и тероризам, како и ресоцијализација и реинтеграција на македонски државјани повратници од странските боишта.

Во поглед на економскиот развој на земјата, како и поттикнување на помалку развиените региони, ИЕП има имплементирано програми кои придонесуваат кон јакнењето на капацитетите за долготраен активен развој на земјата во целост и интеграција на финансиски помалку развиените региони преку давање помош и поддршка, обезбедување обуки и реализација на развојни проекти. Во овој контекст вреди да се спомене дека имаме спроведувано проекти за развој на туризмот и збогатување на туристичката понуда на С. Македонија, како и активности поврзани со природата, односно како да ја заштитиме и чуваме, а да ги користиме придобивките од  истата.

Организациски цели

Здружението своите цели ги остварува преку:

  • Реализирање различни активности за информирање и едукација како што се обуки, состаноци за информирање, конференции, публикации и сл.
  • Реализација проекти од најразлични донатори домашни и странски
  • Анализа и истражување на актуелни прашања за развојот на демократија, добро владеење и социо-економски состојба;
  • Поддршка за локалниот и регионалниот економски развој;
  • Активности за лобирање и застапување на целните групи.
  • Поддршка на младите во процесот на раст и развој на лично и професионално поле
  • Соработка со слични организации и институции во земјата и странство;
  • Поттикнување на иницијативи, активности и реализација на проекти кои ќе го зголемат апсорпциониот капацитет на институциите за поголемо искористување на европските фондови.

Визија

Мир, стабилност и хармонија во земјата со активно учество на Граѓанинот во процесите на одлучување на локално и национално ниво.

Мисија

Посветеност во развојот, едукација на граѓаните, нивната информираност, заштита на основните човекови слободи и права, како и изнаоѓање решенија во соработка со јавниот и деловниот сектор за подобрување на положбата и благосостојбата на луѓето.

Тим

Иницијатива за европска перспектива е предводена од претседателот Елена Миленкоска-Михаиловска и проектниот директор Валерија Соколова-Стојановска

Контакт информации