Општа цел

Зајакнување на капацитетот на локалното граѓанско општество за градење отпорност против радикализација на младинското население во Северна Македонија

Специфични цели

Развивање на граѓанска едукативна платформа за млади, дизајнирање на мотивирачки наративи и алтернативни наративи за граѓанско образование, како средство за спречување на радикализацијата на младите.

Очекувани резултати

  1. Развиена и функционална платформа за граѓанско образование на млади, наменета за дизајнирање контра-наративи и алтернативни наративи за спречување на радикализацијата што води кон насилен екстремизам и тероризам.
  2. Овозможена граѓанска платформа за образование на млади како средство за контра-наративи и алтернативни наративи за спречување на радикализацијата што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам.
  3. Промовирана меѓуетничка соработка на младите во мултикултурните градови Скопје, Куманово и Струга.

Временска рамка

Времетраење на проектот е од јануари 2021 до декември 2023.

Повеќе инфо можете да побарате на: contact@iep.mk

Донатор

Проектот е финансиран од Европската Унија