Општа цел

Да придонесе за намалување на загадувањето на животната средина и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните во пограничниот регион на Косово и С. Македонија.

Специфична цел

С.Ц.1: Да се намали загадувањето на реките преку заеднички акции за спречување на диви депонии за отпад;

С.Ц.2: Создавање предуслови за зелен транспорт на граѓаните.

Очекувани резултати

Р.1: Намалени диви депонии и подобрување на областите;

Р.2: Создавање сигурна инфраструктура за подобрување на заштитата на животната средина;

Р.3: Обезбедување опрема за одржливо создавање на рекреативни локации;

Р.4: Зголемена свест кај населението за заштита на животната средина;

Р.5: Подобрени капацитети на засегнатите страни.

Временска рамка

Времетраење на проектот е од јануари 2024 до декември 2025.

Донатор

Проектот е финансиран од Европската Унија

Eu Flag