Општа цел

Општа цел на овој проект е да придонесе кон промовирање на средина  за слободно изразување и професионален развој на новинарите и  медиумите.

Специфична цел

Зајакнување на интегритетот на медиумите и поддршка на новинарите да се почитуваат стандардите за квалитет на новинарството, како и да се адресираат прашањата поврзани со закани и насилство врз новинарите, нивната безбедност, со истовремено промовирање на слободата на изразување која ќе овозможи социјален развој и  ќе придонесе кон процесот на пристапување кон ЕУ

Резултати

  1. Основана Тренинг Академија за обука на новинари и медиумски работници
  2. Обезбедена поддршка на медиуми и организации на новинари работејќи на афирмација на слободата на изразување на новинарите како придонес кон процесот на пристапување кон ЕУ.
  3. Спроведено застапување засновано на правото за слобода на изразување на новинарите со што се обезбедува социјален развој и придонес кон процесот на пристапување кон ЕУ
  4. Организирана промотивна кампања за слобода на изразување на новинарите како придонес кон социјалниот развој и придонес кон процесот на пристапување кон ЕУ

Таргет група

Новинари, медиумски работници, медиумски граѓански организации, организации на новинари.

Временска рамка

Времетраењето на проектот е од  февруари 2023 година до јануари 2026 година

Донатор

Проектот е финансиран од Европска Унија