Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) е граѓанска организација насочена кон развој на демократијата во општеството, заштита на човековите слободи и права, борба против сите форми на дискриминација, нечовечко и понижувачко однесување, како и поттикнување на граѓаните да станат поактивни учесници во развојот на демократијата на локално и национално ниво, во согласност со вредностите на ЕУ.
ИЕП објавува јавен оглас за Раководител на проект, во рамките на идниот проект “Младите жени против онлајн насилство” ко-финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и спроведуван во партнерство со Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ Скопје
Наведеното лице ќе го врши својот ангажман за времетраење на проектот, односно во период од 24 месеци (01.01.2025 до 31.12.2026г), со полно работно време.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
- Завршено високо образование
- Основни познавања за проблематиката на (родово-базирано) онлајн насилство;
- Најмалку 8 (осум) години докажано работно искуство на водење проекти за граѓанското општество во земјата.
- Познавање процедури за раководење на проекти финансирани од ЕУ
- Одлично познавање на македонски и деловен англиски јазик, како и добро познавање на албански јазик;
- Познавање на административно и канцелариско работење;
- Добри комуникациски вештини
- Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот;
- Возачка дозвола: Б категорија.
Специфични одговорности во рамки на имплементацијата на проектот:
- Управување со персоналот и надгледување на секојдневните активности поврзани со управување и имплементација на проектот, вклучувајќи набавки, следење и евалуација на проектот, финансиско управување, известување за напредокот и финансиското работење;
- Изработка на Услови за референци (Terms of References) и управување со експерти, консултанти, следење на напредокот на обврските според договорите и обезбедување повратни информации по потреба, како и координација на работата на консултантите во согласност со планот за имплементација на проектот;
- Преземање на високо ниво на надворешна комуникација;
- Подготовка или, по потреба, надзор на подготовката на извештаи за напредок, завршен извештај за проектот и други извештаи што може да ги бара Договорниот орган;
- Следење и управување на персоналот во извршувањето на нивните соодветни задачи и обезбедување ефикасно функционирање на проектната единица, како и обезбедување воспоставување јасни работни аранжмани за соработка;
- Следење и управување на координацијата на проектните засегнати страни, како што се властите, граѓанските организации и нивните мрежи, експерти и други локални засегнати страни;
- Следење на проектот; и
- Управување со буџетот на проектот, вклучувајќи следење на трошоците.
Кандидатите треба да достават работна биографија на следната е-пошта: contact@iep.mk. Рокот за поднесување e четврток, 26 декември 2026 година. Изборот ќе се изврши во согласност со Законот за работни односи.