Почитувани,

Задоволство ни е да Ве поканиме да учествувате во повикот за мониторинг и евалуација на проектите кои добија финансиска поддршка во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“. Задачите и очекувања поврзани со Вашиот ангажман се наведени во Опис на надлежности (ToR) приложени кон оваа покана.

Информации за постапката

Постапка: Отворен повик

Тип на договор: Договор за набавка на услуги

Максимален буџет: 2,500 ЕУР (бруто) во денарска противвредност

Потребни документи

  • Биографија / портфолио на организација
  • Финансиска понуда
  • Изјава

Рок за прифаќање на поканата

Со нетрпение ја очекуваме Вашата потврда за прифаќање на поканата. Потребните документи испратете ги најдоцна до 30.05.2024 (четврток) до 16:00,  на следнава е-адреса contact@iep.mk.

Потпишување на Договор

Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива.

Aнекси:

  1. Опис на надлежности (ToR)
  2. Финансиска понуда
  3. Изјава
You are currently viewing Покана за ангажирање на експерт/организација за мониторинг и евалуација на субгрантистите во имплементација на своите проекти