Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) е граѓанска организација насочена кон развој на демократијата во општеството, заштита на човековите слободи и права, борба против сите форми на дискриминација, нечовечко и понижувачко однесување, како и поттикнување на граѓаните да станат поактивни учесници во развојот на демократијата на локално и национално ниво.
Во своето долгогодишно искуство ИЕП има спроведено голем број на проекти за развој и едукација на граѓаните со посебен акцент на младите и жените, унапредување и заштитата на правата на различни целни групи, подобрување на меѓуетничка толеранција и мултикултура, потоа проекти поврзани со градење на отпорност против процесите на радикализација, насилниот екстремизам и тероризам, како и ресоцијализација и реинтеграција на македонски државјани повратници од странските боишта.
Во поглед на економскиот развој на земјата, како и поттикнување на помалку развиените региони, ИЕП има имплементирано програми кои придонесуваат кон јакнењето на капацитетите за долготраен активен развој на земјата во целост и интеграција на финансиски помалку развиените региони преку давање помош и поддршка, обезбедување обуки и реализација на развојни проекти. Во овој контекст вреди да се спомене дека имаме спроведувано проекти за развој на туризмот и збогатување на туристичката понуда на С. Македонија, како и активности поврзани со природата, односно како да ја заштитиме и чуваме, а да ги користиме придобивките од истата.
Организациски цели
Целта на Иницијатива за Европска Перспектива (ИЕП) е да придонесе за поголема социјална и економска инклузија на граѓаните без разлика на нивната припадност, а особено на ранливите и маргинализирани групи.
Посебни цели на ИЕП се:
- Подобрување на економските, социјалните и развојните политики и реформи преку спроведување на иновативни интервенции
- Развој на соработката со граѓанскиот, деловниот и јавниот сектор преку учество во мрежи и заедничко креирање и спроведување проекти и програми.
- Унапредување на организацискиот капацитет на Здружението, во смисла на нова организациска структура, пристап, стандарди и истражувања, со цел посилно влијание врз економските, социјалните и развојните реформи и врз ефектите што соодветните политики ги имаат врз граѓаните.
Здружението своите цели ги остварува преку:
- Реализирање различни активности за информирање и едукација како што се обуки, состаноци за информирање, конференции, публикации и сл.
- Реализација проекти од најразлични донатори домашни и странски
- Анализа и истражување на актуелни прашања за развојот на демократија, добро владеење и социо-економски состојба;
- Поддршка за локалниот и регионалниот економски развој;
- Активности за лобирање и застапување на целните групи.
- Поддршка на младите во процесот на раст и развој на лично и професионално поле
- Соработка со слични организации и институции во земјата и странство;
- Поттикнување на иницијативи, активности и реализација на проекти кои ќе го зголемат апсорпциониот капацитет на институциите за поголемо искористување на европските фондови.
Визија
Мир, стабилност и хармонија во земјата со активно учество на Граѓанинот во процесите на одлучување на локално и национално ниво.
Мисија
Посветеност во развојот, едукација на граѓаните, нивната информираност, заштита на основните човекови слободи и права, како и изнаоѓање решенија во соработка со јавниот и деловниот сектор за подобрување на положбата и благосостојбата на луѓето.
Тим
Иницијатива за европска перспектива е предводена од:
- Елена Миленкоска-Михаиловска, Претседател
- Валерија Соколова Стојановска, Проектен менаџер
- Кристина Сибиновска, Проектен директор