Учество во активности за дигитална трансформација на традиционални занаети
Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на најмалку 5 локални занаетчии за учество во обука и соработка со млади во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” “
🎯 Цел на повикот
Целта е да се поддржат занаетчии кои сакаат:
- да ги дигитализираат и промовираат своите производи,
- да научат како да користат дигитален маркетинг и е-трговија,
- да соработуваат со млади во развој на современи, социјално-претприемачки концепти
- да учествуваат во дигитално документиање на традиционалните занаети (креирање на дигитална архива)
👥 Кој може да аплицира?
- Локални занаетчии и креативци, предност ќе имаат оние кои практикуваат традиционални занаети
- Поединци или семејни занаетчиски бизниси
- Занаетчии кои се подготвени за соработка со млади и учество во дигитална документација на занаетот
📚 Што добиваат избраните занаетчии?
- Учество во обука за дигитални и претприемачки вештини
- Поддршка за онлајн промоција и е-трговија
- Дигитална документација на занаетот (фото, видео, приказни)
- Можност за вклучување во развој на концепти на социјални претпријатија
- Зголемена видливост и пристап до нови пазари
Напомена: Занаетчиите (вкупно 5) кои успешно ќе ги поминат обуките, задолжително треба да учествуваат во активноста 3 и 4 за што им следува надомест од 100 евра бруто во денарска противвредност.
📍 Локација и период
- Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, бул.Климент Охридски бр.21, Скопје
- Реализација: 19 и 20 февруари 2026
📝 Начин на пријавување
Заинтересираните занаетчии треба да ја пополнат оваа google форма:
https://forms.gle/wEPaxCZUq6r639is6
📅 Краен рок за аплицирање: 12 февруари
📧 Контакт: contact@iep.mk
