Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија

Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans,во чии рамки е предвидена активност за поставување на онлајн платформа за креирање на профили на локални занаетчии.

За таа цел се распишува овој јавен повик за ангажирање на надворешен соработник/експерт ( физичко или правно лице) за воспоставување на онлајн платформа за креирање на дигитални профили на локалните занаетчии согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).

Повеќе информации за повикот може да видите во Описот на надлежности (ToR)

Информации за постапката

Постапка: Отворен /Јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Максимален буџет: 1 500 евра бруто во денарска противвредност

Потребни документи:

  • Тековна состојба од Централен регистар (ЦРМ), не постара од 6 месеци (за правни лица)
  • Портфолио ( за правни лица)
  • CV (биографија) на експертот
  • Доказ за релевантно професионално искуство (најмалку 2 референци) за успешно завршена релевантна услуга во последните 3 години.
  • Доказ за резидентност согласно домашната легислатива ( за физички лица копија од пасош)
  • Изјава
  • Финансиска понуда

Рок за прифаќање на поканата

Заинтересираните кандидати треба да ја достават својата апликација на следнава емаил адреса contact@iep.mk најдоцна до 01.09.2026 (вторник) до 13ч, ЦЕВ

Потпишување на Договор

Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива.

Aнекси:

  1. Опис на надлежности (ToR)
  2. Финансиска понуда
  3. Изјава
You are currently viewing ЈАВЕН ПОВИК: Поставување на онлајн платформа за креирање на профили на локални занаетчии