Контра-наративи и алтернативни наративи за спречување на радикализација што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам

Учесниците на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација – (Младите против насилство)” ја одржаа втората работилница во Куманово на која организаторите Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово во соработка со проектниот координатор Иницијатива за Европска перспектива со дел од проектните партнери Нексус–Граѓански концепт од Скопје ги запознаа учесниците со проектот, неговите цели и крајниот продукт на проектот.

Домаќин на работилницата беше Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово, а ја отвори проектниот асистент Тамара Петковска, при што го презентираше целиот проект. Платформата – Младите против насилството, која е нејзината цел, бенефитот и начинот на воспоставување и функционирање, пред учесниците беше презентирана од Валерија Соколова-Стојановска – Директор на проектот од Иницијатива за Европска перспектива.

На работилницата присуствуваше и Ѓорѓи Тасев, советник за млади и младински политики во Владата на Република Северна Македонија. Тој се обрати на учесниците, изразувајќи го своето задоволство од престојното креирање на платформата која ќе работи со млади и ќе ги зајакнува нивните капацитети во насока на градење мир, соживот и толеранција.

Експертот Елена Миленкоска – Михаиловска говореше за состојбата со радикализација на младите во Северна Македонија. Присутните ги споделија своите искуства и предизвиците со кои се соочуваат младите, посочувајќи дека на овие теми се уште во училиштата не се посветува доволно внимание, поради што раните знаци на радикализација не се препознаваат и се дозволува понекогаш да прерасне во насилство. Во текот на дискусијата се истакна и потребата од поголема промоција на спортот, уметноста и други креативни активности каде младите би ја насочиле својата енергија согласно нивните афинитети.

Следната и последна од овој сет на работилници, се очекува да се спроведе во Струга, до крајот на месец Март.

You are currently viewing Одржана втората работилница на граѓански организации во Куманово