Општа цел 

Општа цел на програмата е иницирање целовити пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучувајќи ги и оние со странски терористички борци -СТБ) во Северна Македонија.

Очекувани резултати

  1. Ранливите групи се чувствуваат интегрирано;
  2. Локалните засегнати страни/лидерите на заедницата учествуваат во процесите за реинтеграција и им помагаат на ранливите семејства;
  3. Припадниците на заедницата покажуваат намалено ниво на стигматизација/зголемено ниво на прифаќање на повратниците;
  4. Националните и локалните медиуми ги разбираат процесите поврзани со повратниците и нивните семејства и создаваат позитивна атмосфера;
  5. Зајакната институционална рамка и механизми за координација за актерите за истражување;
  6. Работниците од првата линија (Frontline workers) постигнале заедничко разбирање за процесите на реинтеграција и ресоцијализација како и борбата против насилниот екстремизам.

Временска рамка:

Времетраење на проектот е од јули 2021 година до  јуни 2024 година

Повеќе инфо можете да побарате на: contact@iep.mk

Донатор :

Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата – ГЦЕРФ