Општа цел
Подобрување на сигурноста во основните училишта на територија на општина Гази Баба преку зајакнување на стручните служби (педагози, психолози) и наставници.
Специфична цел
Подигање на свеста кај учениците, наставниците и стручните служби (педагози, психолози) во основните училишта од Гази Баба за сајбер насилството и неговите последици
Директни корисници се стручните служби (педагози, психолози), наставници од вкупно 11 основни училишта од општина Гази Баба, на кои ќе им се овозможи подобро запознавање со феноменот на сајбер насилство, како да го препознаат и навремено да реагираат и превенираат.
Индиректни корисници се учениците, наставниците, родителите
Очекувани резултати
Зајакнати капацитети на стручните служби (педагози, психолози) и наставници од основните училишта на територија на општина Гази Баба, за полесно препознавање на сајбер насилството кај учениците, навремено и соодветно реагирање, како и редовна отворена комуникација со учениците за поефикасна превенција.
Повеќе инфо можете да побарате на: contact@iep.mk
Донатор
Проектот е финансиран од општина Гази Баба