Општа цел: Да се подобри протокот на вода во реките во Косово и Северна Македонија и да се спречат поплави преку одржливи мерки за заштита на животната средина и климатските промени.
Специфични цели
- Зголемување на свеста кај прекуграничните заедници за заштита на животната средина и спречување на поплави.
- Реконструкција на речните корита и подобрување на инфраструктурата за спречување на поплави.
- Промовирање на практиките за циркуларна економија кај локалните бизниси и училишта.
Резултати
- Две реконструирани и оперативни речни корита.
- Два функционални системи за рано предупредување од поплави.
- Зголемена јавна свест за значењето на животната средина кај над 10.000 граѓани.
- Подобрени институционални капацитети за управување со животната средина.
- Воведени практики за циркуларна економија во училиштата и локалните бизниси.
Таргет група
- Локалното население на Oпштина Клокот (Косово) и Oпштина Ранковце (С. Македонија).
- Јавните комунални претпријатија во целните општини, компаниите од приватниот сектор, градежните компании и граѓанските организации.
- Младите, училиштата и вработените во локалните самоуправи.
Временска рамка
Времетраењето на проектот е од 01.07.2026г. до 30.06.2028г.
Донатор
Проектот е финансиран од Европската Унија.

