Општа цел
Оживување на културното наследство преку технолошки ориентирано социјално претприемништво, поттикнувајќи одржлив рурален развој.
Специфична цел
- Оспособување на 30 млади од руралните средини (15 млади жени) со дигитални и претприемачки вештини.
- Поддршка за воспоставување на најмалку 3 социјални занаетчиски претпријатија предводени од млади.
- Дигитално оживување на традиционалните занаети и нивна промоција преку користење на дигитални алатки.
Резултати
- 30 млади и 10 занаетчии обучени за дигитални и претприемачки вештини.
- Развиени најмалку 3 концепти на социјално претпријатие за занаетчии.
- Креирана дигитална архива и онлајн изложба на традиционални ракотворби.
Таргет група
Млади од 15 до 29 години кои живеат во руралните области на Скопскиот регион, со посебен фокус на млади жени.
Локални занаетчии, особено оние кои практикуваат традиционални занаети.
Временска рамка
Времетраењето на проектот е од 1 ноември 2025 г. до 31 октомври 2026 г.
Донатор
Проектот е финансиран од Европска Асоцијација за Локална Демократија (ALDA) во рамки на BOOST програмата.



