Општа цел: Да се поттикне и олесни процесот на креирање на Стратегија за млади на Општина Центар преку воспоставување структуриран, инклузивен и партиципативен консултативен процес со млади, граѓански организации и релевантни општински чинители.

Специфична цел: Да се овозможи активно и суштинско учество на младите од Општина Центар во идентификување и артикулирање на нивните клучни потреби, предизвици и приоритети поврзани со квалитетот на живот за млади.

Резултати

  1. Воспоставен структуриран и функционален консултативен процес со млади.
  2. Зајакната соработка и дијалог меѓу младите, граѓанските организации, Младинскиот центар и Општина Центар.
  3. Изработен структуриран документ со препораки за младински приоритети и политики во Општина Центар

Таргет група

  1. Млади лица на возраст од 15 до 29 години кои живеат, учат или се социјално активни на територија на Општина Центар.
  2. Граѓански организации и неформалните младински групи кои делуваат на територија на Општина Центар.
  3. Претставници од релевантните општински сектори од Општина Центар, заедно со претставници од Младинскиот центар при Општина Центар 

Временска рамка

Времетраењето на проектот е од 01.05.2026г. до 31.12.2026г.

Донатор

Проектот е финансиран од Општина Центар.

Image