Денес во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги беше презентирана новата „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници

Академијата има за цел да ја подобри физичката и дигиталната безбедност на новинарите, особено на оние што практикуваат истражувачко новинарство, да понуди  поддршка за начинот на известување за одредени актуелни теми, да ги зајакне капацитетите на медиумите за креирање на новинарски содржини за евроинтегративниот процес. Ќе нуди обуки за безбедност и заштита на новинарите, за дигитална безбедност и нови технологии, како и за предизвиците на истражувачкото новинарство. Покрај тоа ќе нуди и поддршка на граѓанскиот сектор и на организациите кои ќе придонесат за зајакнување на интегритетот на медиумите за борбата против дезинформациите нивно препознавање и делување, унапредување на медиумската писменост, критичкото размислување, демократските вредности и меѓукултурната соработка. 

Проектот го спроведува организацијата Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), во партнерство со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Европската федерација на новинари (ЕФЈ) 

30.10.2023g
30.10.2023g 1
You are currently viewing Нова „Тренинг-Академија за новинари“ во Агенцијата за медиумски услуги: Зајакнување на безбедноста и интегритетот во новинарството