Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) е граѓанска организација насочена кон развој на демократијата во општеството, заштита на човековите слободи и права, борба против сите форми на дискриминација, нечовечко и понижувачко однесување, како и поттикнување на граѓаните да станат поактивни учесници во развојот на демократијата на локално и национално ниво
ИЕП објавува јавен оглас за Соработник на проект за професионална ориентација, за потребите на проектот “ Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата “, финансиран од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата – ГЦЕРФ и спроведуван од конзорциумот на организации Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, Иницијатива за европска перспектива – ИЕП, Плеиадес организација, НЕКСУС Граѓански концепт и Хоризонт Цивитас.
Наведеното лице ќе го врши својот ангажман до завршување на проектот, односно во период од 16 месеци (01.03.2023 до 30.06.2024г), со пола работно време (50%).
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
- Основни познавања за проблематиката на вклучување на ранливи групи во социо-економски развој во земјата;
- Најмалку пет години работно искуство во водење проекти за граѓанското општество во земјата
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик (познавање на албански јазик ќе се смета за предност)
- Познавање на административно и канцелариско работење;
- Добри комуникациски вештини
- Возачка дозвола: Б категорија.
Кандидатите треба да достават работна биографија на следната е-пошта: contact@iep.mk. најдоцна до 27.02.2023 година. Изборот ќе се изврши во согласност со Законот за работни односи.