Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪
Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет.
🔎 Научете:
✔️ што е онлајн/сајбер насилство
✔️ како да го препознаете
✔️ каде да побарате поддршка и помош
✔️ зошто е важно сите да се залагаме за безбедна дигитална средина 💻💬
Насилството често започнува со „send“, но не завршува со „offline“ Еден коментар. Една порака. Еден „шега“ што боли.
Родово базираното сајбер насилство е реално. И погодува најмногу – девојки и млади жени. Ismajli Almedina
Навреди
Закани
Уцени
Споделување без согласност
Ова видео е почеток на глас што одбива да молчи. Почеток на кампања што вели: доволно е.
Ако си жртва – не си сама.
Ако си сведок– реагирај.
Ако молчиш – насилството продолжува.
Наша животна средина, наша одговорност! Чистиот воздух, чистата вода и здравата почва се неопходни за живот, но климатските промени, загадувањето и деградацијата на екосистемот им се закануваат секој ден. Косово и Северна Македонија преземаат активности преку закони кои ја промовираат заштита на животната средина. Но, само законите не се доволни. Секој има своја улога! Заедно, можеме да направиме разлика. Намали. Употреби повторно. Рециклирај. Ова видео е изработено во рамки на проектот “Поврзување региони”, спроведуван од Иницијатива за европска перспектива – ИЕП, Општина Гостивар од Северна Македонија и Општина Витиа од Косово.
Видео кампања на ИЕП, ЗНМ и Институт Коница за објективно и етичко известување за настани поврзани со насилен екстремизам и тероризам, како дел од проектот ” Градење отпорност против насилниот екстремизам и тероризам преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници”.
Како дел од проектот ” Градење отпорност против насилниот екстремизам и тероризам преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници”, имплементиран од ИЕП, ЗНМ и Институт Коница, се спроведува видео кампања за објективно и етичко известување, ослободено од сензационализам за настани поврзани со насилен екстремизам и тероризам.
Видео кампања за етичко известување за настани поврзани со насилен екстремизам и тероризам како дел од проектот ” Градење отпорност против насилниот екстремизам и тероризам преку зајакнати капацитети на новинари, медиуми и владини претставници”
