Почитувани,
Задоволство ни е да Ве поканиме да учествувате во повикот за давање на поддршка при подготовка на финансиските извештаи и нивна верификација на организациите кои добија финансиска поддршка во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“. Задачите и очекувања поврзани со Вашиот ангажман се наведени во Опис на надлежности (ToR) приложени кон оваа покана.
Информации за постапката
Постапка: Отворен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Максимален буџет: 1,500 ЕУР (бруто) во денарска противвредност
Потребни документи
- Биографија
- Финансиска понуда
- Изјава
Рок за прифаќање на поканата
Со нетрпение ја очекуваме Вашата потврда за прифаќање на поканата. Потребните документи испратете ги најдоцна до 30.05.2024 (четврток) до 16:00, на следнава е-адреса contact@iep.mk.
Потпишување на Договор
Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива
Aнекси: