Здружението на граѓани за демократија – Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) е граѓанска организација која работи на развој на демократијата во општеството, преку вклучување на ранливи групи лица во социо-економскиот развој, во согласност со вредностите на ЕУ.
ИЕП објавува јавен оглас за Раководител на проект за организација и спроведување на проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка во рамките на идниот проект “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, ко-финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и спроведуван во партнерство со Нексус – Граѓански концепт од Скопје, Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог од Куманово и Градење на заедницата од Митровица, Косово.
Наведеното лице ќе го врши својот ангажман за времетраење на проектот, односно во период од 36 месеци (01.01.2021 до 31.12.2023г), со полно работно време.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
- Основни познавања за проблематиката на вклучување на ранливи групи во социо-економски развој во земјата;
- Најмалку седум години докажано работно искуство на водење проекти за граѓанското општество во земјата
- Познавање процедури за раководење на проекти финансирани од ЕУ ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на македонски и деловен англиски јазик, како и добро познавање на албански јазик;
- Комплетирано високо образование;
- Познавање на административно и канцелариско работење;
- Добри комуникациски вештини
- Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот;
- Возачка дозвола: Б категорија.
Специфични одговорности во рамки на имплементацијата на проектот:
- целокупно планирање на проектот;
- подготовка и имплементација на проектни активности во Скопје како и останатите целни области во земјата;
- подготовка на договори, дописи, меморандуми, кратки анализи, итн.;
- управување со лицата од персоналот на проектот;
- организација и водење на активностите под одговорност на ИЕП, како и поддршка на спроведување на активностите на партнерите
- организирање на комуникација со ЕУ и останати релевантни актери
- дефинирање и модификување проектни процедури за известување, претставување на проектот на трети страни;
- подготовка на постапките за набавка, одобрување на активностите на партнерите
- организација на видливост на проектот.
Кандидатите треба да достават работна биографија на следната е-пошта: contact@iep.mk. Рокот за поднесување e вторник, 15 декември 2020 година. Изборот ќе се изврши во согласност со Законот за работни односи.