Конференција за презентација и избор на најдобри идеи за развој на заедницата подготвени од младите. На конференцијата присуствуваа претставници на државни институции, на општини, на граѓански организации, како и претставници од Европска Унија.
Целта на оваа конференција беше младите луѓе од државата да дадат свои иницијативи за подобрување на условите во општините кои живеат и делуваат. На натпреварот учествуваа вкупно 16 млади, поделни во 6 групи, од кои секоја група посебно даде сопствена иновативна идеја за развој на заедницата од која доаѓаат.
Сите учесници беа наградени за вложениот труд, а првото место го освои групата од Струга со наслов на проект Drim buy – купувај по струшки, второто место им припадна на групата млади од Куманово со проектот Connect, а третото на проектот Care Talk исто од Куманово.
Оваа Конфернција е дел од проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, проект финасиран од Европска унија, спроведуван од Иницијатива за европска перспектива, како координатор во партнерство со Нексус Цивил концепт, од Скопје, Здружение Аква од Струга и Центар за интеркултурен дијалог од Куманово.