Јавен повик за доставување на понуди за изработка, дизајн и печатење на работен материјал за потребите на проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија”

Назив на проектот: „ Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија “

Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во Македонија координиран од ALDA Balkans.

Во рамки на проектот е предвидено да се изработи, дизајнира и испечати работен материјал за потребите на активностите во рамки на проектот.

За таа цел се распишува овој јавен повик за ангажирање правен ентитет – понудувач кој ќе има обврска да изработи, дизајнира и испечати 125 (сто дваесет и пет) сетови на работен материјал согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).

Повеќе информации за повикот можете да видите во Описот на надлежности (ToR) овде

Информации за постапката

Постапка: Отворен /Јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Максимален буџет: 625 евра бруто во денарска противвредност

Потребни документи за аплицирање:

Рок за прифаќање на поканата

Заинтересираните правни ентитети треба да ја достават својата апликација, преку електронска пошта на следнава адреса contact@iep.mk најдоцна до 20.01.2026 (вторник) до 13ч, ЦЕВ

Потпишување на Договор

Одбраниот понудувач ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива.

Aнекси:

  1. Опис на надлежности (ToR)
  2. Финансиска понуда
  3. Изјава
You are currently viewing Јавен повик за доставување на понуди за изработка, дизајн и печатење на работен материјал