Во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ”, спроведуван од Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ),  изработен е документ за политики за „Одговорно користење на вештачката интелигенција во новинарството”.

Целта на овој документ за политики е да обезбеди преглед на актуелните предизвици и можности што ги носи вештачката интелигенција во новинарството, да предложи конкретни насоки за употреба на ВИ во новинарската практика и да даде препораки за различните чинители во медиумската сфера.

Документот е изработен на три јазици: македонски, албански и англиски.

You are currently viewing Одговорно користење на вештачката интелигенција во новинарството