Во рамки на проектот “Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ”, спроведуван од Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) изработен е документ за политики за Транспарентно известување на јавноста за пристапните преговори на Република Северна Македонија кон Европската Унија.

Целта на овој документ е врз основа на анализа на постоечката ситуација, да предложи политика што ќе укаже на важноста од транспарентно и објективно ширење на информациите во претпристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ.

Документот е изработен на три јазици: македонски, албански и англиски.

You are currently viewing Документ за политики за Транспарентно известување на јавноста за пристапните преговори на Република Северна Македонија кон Европската Унија