Општа цел
Општа цел на проектот е придонес за зајакнување на развојот на туризмот во Република Северна Македонија.
Специфична цел
Специфична цел на проектот е да се развие нова понуда за авантуристички туризам во Скопје.
Главни резултати
- Воведени сертифицирани патеки за велосипедизам и планински велосипед во Водно;
- Промовирани алтернативни туристички и спортски активности во Водно;
- Поддржана локална економија и социјално претприемништво во Водно и соседните области;
- Засилена заштита на животната средина заедно со нови алтернативни туристички економски активности.
Временска рамка
Времетраење на проектот е од октомври 2019 година до јули 2020 година.
Повеќе инфо можете да побарате на: inic.eupers@gmail.com
Донатор
Проектот е финансиран од страна на Регионалниот совет за соработка.