Претседателката на Иницијатива за европска перспектива – ИЕП одржа работилница на тема “Безбедност на младите” со учениците од СУГС Гимназија “Орце Николов”.
На работилницата беа опфатени актуелни теми поврзани со безбедноста на младите во училиштата, јавниот превоз и местата каде младите излегуваат и се дружат.
Претседателката на ИЕП, ја спроведе оваа активност како соработник на Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на проектот ACTion, поддржан од Европска комисија преку програмата Еразмус+.