Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија
Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans, кој предвидува спроведување обука на тема дигитални вештини и стратегии за дигитален маркетинг за мали претпријатија.
За таа цел се распишува овој јавен повик за ангажирање на надворешен соработник/експерт за спроведување на обука за дигитални вештини и стратегии за дигитален маркетинг за мали претпријатија, согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).
Повеќе информации за повикот може да видите во Описот на надлежности (ToR) овде
Информации за постапката
Постапка: Отворен /Јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Максимален буџет: 1 500 евра бруто во денарска противвредност
Потребни документи:
- Биографија
- Изјава
- Финансиска понуда
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош/л.карта)
Рок за прифаќање на поканата
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, изјава, финансиска понуда и доказ за резидентност, преку електронска пошта на следнава адреса contact@iep.mk најдоцна до 22.01.2026 (четврток) до 13ч, ЦЕВ
Потпишување на Договор
Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива.
Aнекси:
