Обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади за дигитална трансформација на традиционални занаети
Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен повик за избор на 30 млади лица за учество во сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини, која се реализира во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија”
🎯 Цел на обуката
Обуката има за цел да ги зајакне младите од руралните општини на Скопскиот регион во следните области комбинирани во 2 еднодневни обуки:
- дигитални вештини,
- дигитален маркетинг и социјални мрежи,
- е-трговија и онлајн платформи,
- креирање онлајн содржини,
- основи на социјално претприемништво,
- бизнис планирање
- финансиска писменост
👥 Кој може да аплицира?
- Млади лица на возраст 15–29 години
- По можност млади од рурални општини во Скопскиот регион
- Посебно се охрабруваат да аплицираат девојки и млади жени
- Претходно искуство не е задолжително
📚 Што опфаќа обуката?
- 2 еднодневни интерактивни обуки
- Практични вежби и студии на случај поврзани со занаетчиски и креативни бизниси
- Сертификат за учество
- Можност за понатамошно учество во инкубациска програма за развој на концепти за социјални претпријатија и креирање дигитални содржини, преку спојување на традиционалното со иновативното (Storyytelling, digital documentation etc.)
📍 Локација и период
- Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, бул.Климент Охридски бр.21, Скопје
- Реализација: 19 и 20 февруари 2026
📝 Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат оваа google форма:
https://forms.gle/RWuRTP5NHtQXMck79
📅 Краен рок за аплицирање: 12.02.2026
📧 Контакт: contact@iep.mk
