Го заокружуваме циклусот од 10 коучинг сесии реализирани во Скопје, Куманово, Штип и Струмица, посветени на темата „Превенција и заштита од родово базирано сајбер насилство“.
Во рамки на овие сесии, преку отворен дијалог, интерактивни вежби и индивидуален коучинг пристап, учесниците:
💡 научија како да ги препознаат различните форми на сајбер насилство;
🛡️ се информираа за дигиталните практики и механизми за пријавување;
🎯 ги зајакнаа своите комуникациски и психолошки вештини за самозаштита и поддршка;
🤝 создадоа мрежа на поддршка и доверба меѓу себе;
🌱 развија лична свест за родова еднаквост, дигитални права и лична одговорност во онлајн просторот.
Голема благодарност до сите учесници и партнери кои придонесоа за реализација на оваа значајна програма.
Овој циклус претставува чекор напред во градење на освестена, дигитално писмена заедница – за иднина без насилство, онлајн и офлајн.
„Горда сум што преку серијата од 10 коучинг сесии во Скопје, Куманово, Штип и Струмица успеавме да допреме до млади жени, но и мажи кои храбро зборуваат, споделуваат и учат како да се заштитат од родово базирано сајбер насилство. Нашата цел не беше само да ги информираме, туку да ги охрабриме – да препознаат дека имаат право на безбеден дигитален простор и дека секој облик на онлајн насилство може и мора да се спречи. Коучингот се покажа како моќна алатка за личен раст, самодоверба и развивање на вештини за отпорност и поддршка. Верувам дека преку вакви иницијативи градиме нова генерација на свесни, дигитално писмени и солидарни граѓани кои ќе бидат гласот на промената во своите заедници.” – изјави Валерија


















