На 19 и 20 февруари во Граѓанскиот ресурсен центар – ГРЦ беше спроведена сеопфатна обука за дигитални и социјално-претприемачки вештини за млади и занаетчии за дигитална трансформација на традиционалните занаети

Обуката имаше за цел да ги зајакне капацитетите на младите и локалните занаетчии во следните области комбинирани во 2 еднодневни обуки:

  • основи на социјално претприемништво
  • бизнис планирање
  • финансиска писменост
  • дигитални вештини
  • дигитален маркетинг и социјални мрежи
  • е-трговија и онлајн платформи
  • креирање онлајн содржини

На наше големо задоволство имавме посета од претставник од Амбасадата на Република Франција, г-ѓа Ирене Кетоф која имаше свое обраќање до учесниците.

Оваа активност е во рамки на проектот: „Дигитално оживување на занаетчиството: „Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” спроведуван од Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), а е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans.

You are currently viewing Успешно спроведена дводневна обука на тема социјално претприемништво, бизнис планирање, дигитални вештини и маркетинг