Во рамки на проектот „Младите жени против онлајн насилство“, на 23 септември во Скопје се одржа првата коучинг сесија посветена на препознавање и превенција на родово базирано сајбер насилство.
Сесијата се одвиваше во просториите на Иницијативата за европска перспектива и обедини претставници на граѓански организации, млади, експерти за сајбер-безбедност, правници, психолози и ИТ експерти.
Што беше опфатено?
• Презентација на специјално развиената програма за коучинг;
• Дискусија за препознавање на формите на родово базирано сајбер насилство;
• Размена на искуства и мултисекторско учење;
• Поттикнување на заеднички акции за поголемо влијание во заедницата.



Заклучоци
Сесијата овозможи знаење, идни акции и влијание, создавајќи мрежа на професионалци и активисти подготвени да работат заедно за справување со родово базираното онлајн насилство.
Следни чекори
Во Скопје се предвидени уште две коучинг сесии (септември – октомври 2025), а програмата ќе продолжи и во Куманово, Штип и Струмица.