Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија
Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans,во чии рамки е предвидена активност за креирање на дигитални содржини за воспоставување на дигитална изложба и онлајн профили на занаетчиите.
За таа цел се распишува овој јавен повик за ангажирање на надворешен соработник/експерт креирање на дигитална содржина за воспоставување на дигитална изложба и онлајн профили на занаетчиите согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).
Повеќе информации за повикот може да видите во Описот на надлежности (ToR)
Информации за постапката
Постапка: Отворен /Јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Максимален буџет: 1500 евра бруто во денарска противвредност
Потребни документи:
- Тековна состојба од Централен регистар (ЦРМ), не постара од 6 месеци (за правни лица)
- Портфолио ( за правни лица)
- CV (биографија) за физички лица
- Доказ за релевантно професионално искуство (најмалку 2 референца) за успешно завршена релевантна услуга во последните 3 години.
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива ( за физички лица копија од пасош)
- Изјава
- Финансиска понуда
Рок за прифаќање на поканата
Заинтересираните кандидати треба да ја достават својата апликација на следнава емаил адреса contact@iep.mk најдоцна до 27.07.2026 (понеделник) до 13ч, ЦЕВ
Потпишување на Договор
Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива.
