Завршна Конференција на проектот ” Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација – Младите против насилство” .
Целта на овој настан беше промоција на неформалната Платформа на граѓански организации ,,Младите против насилство”, која е прва и единствена од ваков вид во С.Македонија. До сега Платформата има 32 членки – граѓански организации (национално ниво), поддршка од повеќе јавни институции со кои имаме склучено Меморандуми за соработка, а наскоро започнува да се шири во регионот и заеднички преку размена на искуства ќе се работи на спречување на насилство кај младите и подобрување на нивната безбедност.
На конференцијата се разменија идеи, искуства, се разви плодна дискусија и се дадоа препораки од страна на присутните претставници на државни институции, општини, како и од граѓанскиот и приватниот сектор.