Вчера во Клубот на новинари, претседателката на Иницијатива за европска перспектива – ИЕП Елена Миленкоска-Михаиловска потпиша договори со четири граѓански организации, на кои им беа доделени грантови во рамки на проектот  „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“

Претходно беше објавен јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации од Република Северна Македонија чија цел беше да се поддржат иновативни акции кои ќе придонесат за подигање на свеста и промовирање на слободата на изразување и слобода на медиумите, промоција на професионалната етика, унапредување на медиумската писменост, препознавање и делување против лажните вести и дезинформациите, критичкото размислување и развој на демократските вредности.

Грантови беа доделени на следниве граѓански организации:

  1. Здружение Центар за образование и медијација на млади – Гостивар
  2. Центар за истражување и анализи Новус
  3. Здружение Совет за етика во медиумите во Македонија Етика Прес Скопје
  4. Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници

Доделените грантови ќе се имплементираат во следните од 8 до 12 месеци на територија на Република Северна Македонија.

Овие грантови на граѓанските организации беа доделени во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“, кој Иницијатива за европска перспектива – ИЕП, го спроведува заедно со Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ и Европската федерација на новинари – ЕФЈ

You are currently viewing Потпишани договори со четири граѓански организации – грантисти