Ангажирање на двајца коучи за спроведување на коучинг сесии со засегнати страни од општина Гостивар
Референтен број: IPA/2023/451-105
Проект: „Поврзување региони“
Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), во рамки на проектот „Поврзување региони“ поддржан од Европската Унија, распишува јавен повик за доставување на понуди за спроведување на коучинг сесии со засегнати страни, согласно барањата наведени во техничките услови.
Повеќе информации за техничките услови видете тука.
Информации за повикот:
Постапка: Отворен / јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Повикот е отворен за физички лица.
Потребни документи
- Професионална биографија
- Финансиска понуда
- Изјава
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, доказ за резидентност за физичко лице и пополнети финансиска понуда и изјава) преку електронска пошта на следнава адреса contact@iep.mk со назнака „Application for Coaches for Coaching Sessions for Stakeholders“.
Крајниот рок за доставување на апликации е 29.10.2025 (вторник) до 16:30 ч, ЦЕВ.
