Здружението на граѓани – Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) објавува јавен оглас за Проектен офицер и проектен асистент за организација, поддршка и спроведување на проектни активности, во рамки на идниот проект “Поврзување региони“ (“Bridging regions”), финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово, преку ИПА програмата Прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово (Cross-border programme Kosovo* – North Macedonia under IPA II 2019 and 2020), а спроведуван во партнерство со општина Витина од Косово и општина Гостивар. Целта на проектот е заштита на животната средина, промовирање, приспособување и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризик.
Временската рамка на спроведување на активностите е 24 месеци од денот на потпишување на Договорот за работа со пола работно време.
Кандидатите за Проектен офицер треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
- Минимум 6 (шест) години работно искуство во граѓански сектор и/или на проекти финансирани од меѓународни донатори;
- Познавање процедури за раководење на проекти финансирани од ЕУ, претходно искуство во имплементација на ЕУ/ИПА финансирани проекти ќе се смета за предност;
- Познавање на правилата и процедурите на ПРАГ набавките;
- Одлично познавање на македонски и деловен англиски јазик, а албански јазик ќе се смета за предност;
- Завршено високо образование;
- Познавање на административно и канцелариско работење;
- Добри комуникациски вештини;
- Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот;
- Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
- Возачка дозвола: Б категорија.
Специфични одговорности за Проектниот офицер, во рамки на спроведување на проектот се:
- Надгледување на техничките активности во рамките на проектот, фокусирајќи се на работите на терен, градежништвото и рекреативните паркови и места во Гостивар;
- Планирање и спроведување на сите настани и активности поврзани со проектот;
- Комуникација и координација со членовите на проектните партнери соработници и останати релевантни актери;
- Координација со проектниот асистент за ефикасна реализација на задачите;
- Подготовка на наративни извештаи за проектните активности и резултати;
- Подготовка на повици, договори, постапки за набавка и други документи поврзани со проектните активности;
- Управување со финансиските средства наменети за проектните активности во ИЕП и подготовка на финансиски извештаи;
- Организација на видливост на проектот.
Кандидатите за Проектен асистент треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
- Минимум 5 (пет) години работно искуство во граѓански сектор и/или на проекти финансирани од меѓународни донатори;
- Познавање процедури за раководење на проекти финансирани од ЕУ, претходно искуство во имплементација на ЕУ/ИПА финансирани проекти ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на македонски и деловен англиски јазик, а албански јазик ќе се смета за предност;
- Комплетирано високо образование;
- Познавање на административно и канцелариско работење;
- Добри комуникациски вештини;
- Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот;
- Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
- Останати одговорности кои произлегуваат од извршувањето на работните задачи, согласно проектната апликација;
- Возачка дозвола: Б категорија.
Специфични одговорности за Проектниот асистент, во рамки на спроведување на проектот се:
- Следење и поддршка на планирањето и спроведувањето на проектот;
- Поддршка при евалуација и известување;
- Поддршка при подготовка на повици, договори, постапки за набавка и други документи поврзани со проектните активности;
- Поддршка на теренските активности на проектот;
- Комуникација и координација со проектните партнер, соработници и останати релевантни актери;
- Подготовка на извештаи за проектните активности и резултати;
- Организација на настани, кампањи, обуки итн.;
- Останати одговорности кои произлегуваат од извршувањето на работните задачи, согласно проектната апликација.
Кандидатите треба да достават работна биографија на следната е-пошта: contact@iep.mk, или на бул.Св.Климент Охридски бр.58б/2-4, 1000 Скопје, со назнака за позицијата за која аплицираат. Рокот за поднесување документи e петок, 23ти јануари, 2024 година. Изборот ќе се изврши во согласност со Законот за работни односи.