Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП и Здружението на граѓани за унапредување на уметничкото занаетчиство и ракотворење МАТА Скопје.
Овој Меморандум за соработка е во рамки на проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” и претставува основа за воспоставување на меѓусебна соработка и взаемна поддршка во процесот на реализација на активности од заеднички интерес, градење на капацитети на маргинализирани групи со посебен акцент на занаетчиите и младите.
Проектот е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во Македонија координиран од ALDA Balkans.
