Проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ воведува нова Платформа која ќе биде предводена од граѓански организации за граѓанско образование на млади и ќе има за цел да обезбеди, презентира и да споделува позитивни алтернативи и контра-наративи против радикализација на младите, преку нудење на едукација и модел на соработка за генерирање позитивни идеи во заедницата, мултикултурна соработка и социо-економски активности.
Улогата на Платформата е да работи со млади и граѓански организации и да ги зајакнува нивните капацитети во насока на градење мир, соживот и толеранција.
Со овој отворен повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации и неформални групи на млади (асоцијативно членство) да учествуваат во работата на Платформата.
Зачленувањето во Платформата се врши со пополнување и доставување на приложениот образец за членство. Повикот е отворен во текот на цела 2021 година.
По разгледување на формуларот од страна на тимот на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација” организациите/неформалните групи ќе бидат повратно информирани.
Ве молиме да го проширите овој повик до сите потенцијално заинтересирани граѓански организации/ неформални групи ваши партнери и соработници, кои ги споделуваат вредностите на Платформата, да аплицираат.
Аплицирањето се врши електронски на следната e-маил адреса: youthcounter2021@gmail.com
Лице за контакт: Валерија Соколова-Стојановска, Проектен Директор, е-маил: vsokolova@iep.mk
Повикот, Формуларите за членство заедно со Условите и критериумите за членство, можете да ги најдете прикачени подолу: