Во рамките на проектот „Младите жени против онлајн-насилство (YOUNG WOMEN COUNTER)”, кој го спроведуваат Иницијатива за европска перспектива (IEP) и Заеднички вредности (Common Values) со поддршка од Европската Унија, ја заокруживме првата фаза од активностите и успешно ги реализиравме првите информативни сесии со средни училишта низ државата.
Учениците и наставниците активно се вклучија во дискусии за тоа како да се препознаат формите на родово базирано сајбер-насилство, каде може да се пријави и каква поддршка е достапна – правна, психолошка и дигитална. Особено внимание беше посветено на создавање побезбедни онлајн простори и развивање на вештини кои им помагаат на младите да реагираат навремено и безбедно.
Со дел од средните училишта продолжуваме во текот на декември, со истиот фокус: подигнување на свеста, градење капацитети и мотивирање на младите да бидат активни учесници во борбата против онлајн-насилството.
Проектот продолжува — заедно со младите, за создавање побезбедни и поотпорни дигитални заедници.
Погледнете дел од атмосферата во средните училишта:
- Никола Карев, Скопје
- Марија Кири Склодовска, Скопје
- Јосип Броз, Скопје
- Кочо Рацин, Скопје
- Јане Сандански, Струмица
- Славчо Стојменски, Штип













