На 29 септември на Факултетот за безбедност во Скопје се одржа првата средба на Националната работната група на која учествуваа претставници на Здружението на граѓани – Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и високи претставници на МВР, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, како и деканот и претставници на Факултетот за безбедност во Скопје.
На средбата се дискутираше за состојбата со известувањето за настани поврзани со насилен екстремизам и тероризам и за потребата од меѓусебна соработка помеѓу новинарите и владините претставници за односи со јавност. Претставникот од Иницијатива за европска перспектива Елена Миленкоска-Михаиловска ги презентираше анализите за состојбата со насилниот екстремизам и тероризам на територија на Западен Балкан, како и анализата за состојбата со известувањето за настани поврзани со овие појави. Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски истакна дека целта на овие состаноци е да се влијае кон намалување на непрофесионалното известување во јавноста на овие теми, додека помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски изрази подготвеност за соработка со новинарите и укажа на потребата од одржување на вакви средби каде и новинарите и владините претставници за односи со јавност заедно ќе развијат упатства и насоки за објективно известување за настани поврзани со насилен екстремизам и тероризам.
Оваа активност беше спроведена во рамки на проектот “Градење отпорност против насилниот екстремизам и тероризам преку зајакнати новинари, медиуми и владини претставници” кој се имплементира од Здружението на новинарите на Македонија ЗНМ, Иницијатива за европска перспектива ИЕП и Институтот КОНИЦА. Проектот е финансиран од страна на ЕУ во рамки на програмата СТРИВЕ Глобал (Strengthening Resilience to Violent Extremism – STRIVE Global) преку Хедаја (Hedayah, International Centre of Excellence for Countering Violent Extremism).