Задоволство ни е да Ве поканиме да учествувате во повикот за спроведување обука на млади волонтери и изработка на анализа за правилно селектирање отпад и користење на машини за рециклирање во општина Аеродром.
Задачите и очекувањата поврзани со Вашиот ангажман за спроведување обука на млади волонтери и изработка на анализа за правилно селектирање отпад и користење на машини за рециклирање во општина Аеродром се наведени во Описот на надлежности (ToR).
Информации за постапката
Постапка: Отворен /Јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Максимален буџет: 85,897 денари бруто
Потребни документи
- Биографија
- Изјава за доверливост и непристрасност (во прилог Анекс 2)
- Финансиска понуда (во прилог Анекс 3)
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)
Начин и рок за аплицирање
Сите заинтересирани може да аплицираат со достава на потребните документи најдоцна до 16.12.2024 (понеделник) до 16ч. на следнава е-адреса contact@iep.mk
Потпишување на Договор
Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива.
Aнекси: