Во рамки на проектот “Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ”, спроведуван од Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) изработен е извештај за Кластер 1 – Темелни вредности, со фокус на владеењето на правото и слободата на изразување, медиумските права и слободи и безбедноста на новинарите и медиумските работници.
Целта на овој извештај е да се анализира напредокот на Северна Македонија за 2024 година во пристапниот процес кон Европската Унија (ЕУ) опфатен во Кластер 1 – Темелни вредности, со фокус на владеење на правото, слободата на изразување, медиумските права и слободи и безбедноста на новинарите и медиумските работници.
Извештајот има за цел да даде јасна и концизна анализа на напредокот на Северна Македонија во Кластер 1 – Темелни вредности за периодот октомври 2024 – септември 2025. Фокусот е на владеењето на правото, слободата на изразување, медиумските права и слободи и безбедноста на новинарите и медиумските работници. Паралелно, извештајот овозможува споредба со минатогодишниот, кој се однесуваше на периодот октомври 2023 – септември 2024, со јасно означени области на напредок и евентуални назадувања, притоа давајќи конкретни препораки. На тој начин, документот служи како практична алатка за носителите на политики, институциите, експертската јавност и медиумската заедница при планирањето и следењето на реформите во таа област.
Документот е изработен на три јазици: македонски, албански и англиски.
