Во рамки на проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ”, спроведуван од Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ),  изработен е документ за политики „Компаративна анализа за справување со SLAPP во регионот на Западен Балкан и ЕУ vis-à-vis Северна Македонија”.

Анализата има за цел, преку споредба на најновите правни реформи и иницијативи насочени кон справување со SLAPP во Европската унија и во земјите од регионот, да придонесе кон изготвување на јасен анти – SLAPP патоказ за Северна Македонија, во согласност со европските стандарди и најдобрите практики развиени во рамки на Европската унија и Советот на Европа.

Документот е изработен на три јазици: македонски, албански и англиски.

You are currently viewing Документ за политики „Компаративна анализа за справување со SLAPP во регионот на Западен Балкан и ЕУ vis-à-vis Северна Македонија”