Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија
Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans, кој предвидува спроведување на обука за социјално претприемништво, основите на бизнис планирањето и финансиската писменост за мали претпријатија
За таа цел се распишува овој јавен повик за ангажирање на надворешен соработник/експерт заспроведување на обука за социјално претприемништво, основи на бизнис планирањето и финансиска писменост за мали препријатија, согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).
Повеќе информации за повикот видете во описот на надлежности (ToR) овде
Информации за постапката
Постапка: Отворен /Јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Максимален буџет: 1 500 евра бруто во денарска противвредност
Потребни документи
- Биографија
- Изјава
- Финансиска понуда
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош/л.карта)
Рок за прифаќање на поканата
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, изјава, финансиска понуда и доказ за резидентност, преку електронска пошта на следнава адреса contact@iep.mk најдоцна до 22.01.2026 (четврток) до 13ч, ЦЕВ
Потпишување на Договор
Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива
Aнекси:
