Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија

Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans, кој предвидува спроведување на обука за социјално претприемништво, основите на бизнис планирањето и финансиската писменост за мали претпријатија

За таа цел се распишува овој јавен повик за ангажирање на надворешен соработник/експерт заспроведување на обука за социјално претприемништво, основи на бизнис планирањето и финансиска писменост за мали препријатија, согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).

Повеќе информации за повикот видете во описот на надлежности (ToR) овде

Информации за постапката

Постапка: Отворен /Јавен повик

Тип на договор: Договор за набавка на услуги

Максимален буџет: 1 500 евра бруто во денарска противвредност

Потребни документи

Рок за прифаќање на поканата

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, изјава, финансиска понуда и доказ за резидентност, преку електронска пошта на следнава адреса contact@iep.mk најдоцна до 22.01.2026 (четврток) до 13ч, ЦЕВ

Потпишување на Договор

Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива

Aнекси:

  1. Опис на надлежности (ToR)
  2. Финансиска понуда
  3. Изјава

You are currently viewing Јавен повик за доставување на понуди за спроведување на Сеопфатна обука за социјално претприемништво, основите на бизнис планирањето и финансиската писменост за мали претпријатија