Наслов на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија
Лот: 4.2 – Инкубациска програма за социјални претпријатија по мерка за занаетчии (Реф. А2)
Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans.
Во рамки на проектот предвидено е подготовка на менторска програма за млади (15г. – 29г.) и локални занаетчии. За таа цел се објавува овој јавен повик за доставување на понуди за подготовка на структурирана менторска програма и спроведување на менторство за млади и локални занаетчии согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).
Повеќе информации за Описот на надлежности (ToR) видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен / јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Повикот е отворен за физички лица и за правни лица.
Потребни документи
Техничка понуда
- CV (биографија) на експертот;
- Мотивациско писмо;
- Доказ за релевантно професионално искуство (најмалку 2 референци)
- Предлог методологија
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (за физички лица копија од пасош)
- Тековна состојба од Централен регистар (ЦРМ), не постара од 6 месеци (за правни лица)
- Портфолио (за правни лица)
- Изјава
Финансиска понуда
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните субјекти треба да ја достават својата апликација преку електронска пошта на следнава адреса contact@iep.mk , најдоцна до 24.04.2026 (петок) до 16ч. по локално време.
