Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија

Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy со финансиска поддршка од AFD – Agence Française de Développement, а во РС Македонија координиран од ALDA Balkans,во чии рамки е предвидена активност за дигитално документирање на традиционалните занаети.

За таа цел се распишува овој јавен повик за ангажирање на надворешен соработник/експерт за дигитална документација и онлајн раскажување приказни за традиционалните занаети, согласно барањата наведени во описот на надлежности (ToR).

Повеќе информации за повикот може да видите во Описот на надлежности (ToR)

Информации за постапката

Постапка: Отворен /Јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Максимален буџет: 1 500 евра бруто во денарска противвредност

Потребни документи:

  • Тековна состојба од Централен регистар (ЦРМ), не постара од 6 месеци (за правни лица)
  • Портфолио ( за правни лица)
  • CV (биографија) за физички лица
  • Доказ за релевантно професионално искуство (најмалку 1 референца) за успешно завршена релевантна услуга во последните 3 години.
  • Доказ за резидентност согласно домашната легислатива ( за физички лица копија од пасош)
  • Изјава
  • Финансиска понуда

Рок за прифаќање на поканата

Заинтересираните кандидати треба да ја достават својата апликација на следнава емаил адреса contact@iep.mk најдоцна до 24.07.2026 (петок) до 13ч, ЦЕВ

Потпишување на Договор

Одбраниот кандидат ќе биде известен во писмена форма дека поднесената апликација е прифатена во рок од 3 дена од крајниот рок за доставување на апликации и ќе биде поканет да потпише Договор за ангажирање од страна на Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива.

Aнекси:

  1. Опис на надлежности (ToR)
  2. Финансиска понуда
  3. Изјава
You are currently viewing ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за дигитална документација и онлајн раскажување приказни за традиционалните занаети