Здружението на граѓани за демократија – Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) во партнерство со Нексус – Граѓански концепт од Скопје, Здружението за развој и активизам – Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово и организацијата Градење на заедницата од Митровица – Косово, започнаа со спроведување на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“  

Во рамки на проектот е предвидено градење на платформа на граѓански организации кои заеднички ќе работат на едукација на младите како превенција од радикализација, насилен екстремизам и тероризам.

Првата таргет група се граѓански организации кои работат со млади, едукација на младите  и активности за превенција од радикализација, насилен екстремизам и тероризам, втората таргет група се младите кои живеат во Скопје, Куманово и Струга и третата се средните училишта, наставниците, претставници на општините и други институции.

За времетраењето на  проектот ќе се градат капацитетите на граѓанските организации, кои преку обуки, размена на искуства, соработка со соодветните институции и државни органи ќе бидат во состојба да ја препознаат и соодветно пренасочат потенцијалната радикализација на младите, преку нивно вклучување во проекти во заедницата и зајакнување на меѓукултурната соработка.

Проектот е во траење од 36 месеци и е ко-финансиран од страна на Делегацијата на Европска Унија во Скопје.

You are currently viewing Младите против насилство