Во рамки на проектот “Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ”, спроведуван од Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) изработен е извештај за Кластер 1 – Темелни вредности, со фокус на владеењето на правото и слободата на изразување, медиумските права и слободи и безбедноста на новинарите и медиумските работници.

Целта на овој извештај е да се анализира напредокот на Северна Македонија за 2024 година во пристапниот процес кон Европската Унија (ЕУ) опфатен во Кластер 1 – Темелни вредности, со фокус на владеење на правото, слободата на изразување, медиумските права и слободи и безбедноста на новинарите и медиумските работници.

Документот е изработен на три јазици: македонски, албански и англиски.

You are currently viewing Извештај за Кластер 1 – Темелни вредности, со фокус на владеењето на правото и слободата на изразување, медиумските права и слободи и безбедноста на новинарите и медиумските работници